Отказот на Клаудио Раниери ја разбранува јавноста во Англија, но и целиот фудбалски свет.
И Јирген Клоп се зачуди на одлуката на челниците на Лестер Сити, а на прес конференцијата пред натпреварот Лестер – Ливерпул кој ќе се игра во понеделник во рамки на 26 – тото коло на Англиската Премиер лига Јирген Клоп изјави:
„Дали сум изненаден со отказот на Раниери?! Не ме изненадува само тоа. Светот полуде…Има неколку чудни одлуки во оваа сезона, 2016/17. На пример, Брегзит, Трамп, па сега и Раниери! Не знам доволно за да проценам, ќе треба да ги прашање луѓето од Лестер за подетален одговор. Но, сигурен сум дека Клаудио Раниери како менаџер се нема променето за една сезона. Тој е преискусен за такво нешто. Ја пронајде перфектната формула со фудбалерите минатата сезона, но ете таа не функционира и оваа сезона. Фудбалот е многу комплексна игра, некогаш решаваат ситни детали, а некогаш едноставно – среќата. Како и да е, јас го очекувам најсилниот можен Лестер в понеделник“, изјави Јирген Клоп, пред натпреварот на Ливерпул со Лестер.