„Вчера умре мојот фудбалски сон. По еуфоријата од минатата сезона кога станавме шампиони во Премиер лигата, сонував засекогаш да останам во Лестер Сити, клуб кој го засакав. За жал, тоа нема да се оствари.
Би сакал да ѝ се заблагодарам на мојата сопруга Росана и на моето семејство за нивната безрезервна поддршка за време на мојот период во Лестер. Благодарност до Паоло и Андреа кои беа мои придружници на ова фантастично патување. До Стив Катнер и Франко Гранело, кои ми ја дадоа можноста да станам шампион.
Најмногу би сакал да се заблагодарам на екипата на Лестер. Авантурата беше фантастична и засекогаш ќе остане дел од мене. Благодарност до сите новинари и медиуми кои беа заедно со нас и известуваа за нашата најубава приказна во фудбалот. Благодарност за сите во клубот, од управа, па до играчи, и секој кој беше тука за време на нашите успеси. Уште од првиот ден ме примивте во вашите срца и ме сакавте.
И јас ве сакам. Никогаш никој нема да може да го одземе она што заедно го постигнавме и се надевам дека еден ден кога ќе се сеќавате на тоа што го направивме заедно - ќе бидете насмеани. Зад себе оставам период на среќа и емоции, кои никогаш нема да го заборавам. Беше чест да се работи и да се стане шампион со вас.
Ваш Клаудио Раниери“