Во првиот официјален натпревар на Бабунски во Јокохама, Македонскиот интернационалец го отвори резултатот со фантастичен погодок кој заврши со резултат 3:2.
На крајот од натпреварот Давид Бабунски беше прогласен за играч на натпреварот.
„Овој ден ќе го паметам како еден од најпосебните во мојата кариера. Големо благодарам на сите фанови за поддршката, неверојатни се“ - изјави Давид Бабунски по завршувањето на натпреварот.