Во финалето од Лига купот на Англија Манчестер Јунајтед успеа да го совлада Саутемптон со 3:2 и со тоа да ја освои првата титула сезонава под палка на Мурињо.

Резултатот го отвори Ибрахимовиќ со прекрасен гол од слободен удар а во 38-тата минута на 2:0 зголеми Линдегарг. Кога сите очекуваа Манчестер Јунајтед да замине на полувремето со два гола предност и потоа рутински да го одигра второто полувреме, во судиското продолжение од првото полувреме, Габиадини им помати сметките. Габидани се најде на вистинско место по нафрлената топка во шеснаесетникот на Јунајтед и успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 2:1.

На самиот старт на вториот дел од натпреварот во 48-тата минута повторно Габиадини се најде на правото место по една одбиена топка од корнер и успеа да го изедначи резултатот на 2:2 со што натпреварот влезе во неизвесна завршница. Така беше се до 87-тата минута кога кој друг ако не Ибра, по нафрлената топка се снајде одлично во петерецот на Саумтемптон и преку удар со глава успеа да го доведе својот тим во предност што подоцна се покажа и како конечен резултат.

Интересно е да се спомене дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е првиот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед кој успеал да освои титула во првата сезона од кога е дојден.

Иако англиските медиуми на стартот на првенството го критикуваа Мурињо, сепак не за џабе Мурињо е “Специјалниот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2017 16:49