Вкупните директни инвестиции во Република Македонија во деветте месеци од 2016 година изнесуваат 199,45 милиони евра. Директни инвестиции, според објавените податоци на Народната банка на Република Македонија, изнесуваат 105,45 милиони, а нераспределено-реинвестирање на добивката и дел од должничките интруменит е 93,63 милиони евра.
Според податоците, вкупните директни инвестиции во првиот квартал лани изнесуваат 106,91 милиони евра, а нераспределено – реинвестирање е 91,51 милиони евра. Во вториот квартал 36,07 милиони евра, а во третиот квартал 56,10 милоиони евра, а нераспределено- реинвестирање изнесува 14,54 милиони евра.
Најмногу инвестиции се пристигнати од Германија 23,20 милиони евра, Турција 23,14, Италија 12,46 миклиони, Бугарија 11,72 милиони и Луксембург 11,48 милиони евра.
Според дејностите, најмногу инвестиции во првите девет месеци од минатата година имало во индустријата 38,25 милиони евра, потоа финансиите и осигурителните активности 15,35 милиони, рударството 15,08 милионии, електрична енергија, гас, пареа и разладни уреди 11,02 миолиони, градежништво 10,79, уметност, забава и рекреација 8,20 милиони и спортски и други рекреативни активонстои, кладење и обложување 7,92 милиони евра.