Во јануари годинава во споредба со јануари минатата година е зголемен прометот во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,7 проценти, а реално за 7,1 процент) и трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 12,8 проценти, а реално за 1,1 процент), објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот, пак, има во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ (номинално за 8,3 проценти, а реално за 7 проценти) и во трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 1,4 проценти, а реално за 1,3 процент).



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2017 18:10