Најновата конзола на Нинтендо ќе обезбеди нова платформа за некои од најпопуларните наслови на компанијата. Јапонската компанија објави дека новиот уред под името Свич во продажба ќе биде од 2 март по цена од 300 долари.
На големиот настан во Јапонија, кој во живо беше пренесен на интернет, откриени се многу детали на Свич, рачен систем кој многу лесно може да се претвори во конзола за играње во домашна атмосфера.
Исто така, култниот лик Марио на Нинтендо е прикажан во Њујорк, пустина, џунгла и други тематски средини. Но, фановите играта под името „Супер Марио Одисеја” ќе мора да ја чекаат до крајот на годината. Меѓутоа, нема долго да се чека на втората франшиза на Нинтендо. „The Legend of Zelda: Breath od the Wild” стигнува во март, во исто време кога и Свич.
Уште една игра е „1-2 Свич” во која играчите не мора да гледаат во конзолата, туку во противникот кој се наоѓа пред нив. Врз основа на аудиосигнали и физичките реакции кои ќе ги почувствуваат преку контролерот ќе знаат што се случува.