На барање на клиентите Нокиа по 17 години ќе го врати во продажба моделот 3310. Овој пат помодерен, но со старите карактеристики според кои беше препознатлив.

За разлика од моделот од 2000 година, Нокиа 3310 ќе биде потенка и полесна, и со повесели бои.

Важно е да се истакне дека ова не е паметен телефон. Ќе има поголем екран со ниска резолуција, но во боја. Има и камера, но од 2 мегапиксела.

Дизајниран е да биде резервен телефон во случај да останете без својот. Позитивно е што батеријата може да издржи 22 часа разговори, а ако не го користите мобилниот, батеријата ќе трае и до 30 дена. Исто така, таа може да се замени.

Препознатлива е играта Snake, како и звуците на ѕвонењето. Цената ќе биде 49 евра, во согласност со дизајнот. Mobile World Congress во Барселона, кој беше пренесен во живо преку социјалните мрежи, привлече внимание кај голем број луѓе кои беа воодушевени што Нокиа 3310 повторно е „во игра”, па изјавија дека имаат намера да го купат.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2017 01:01