Сите лидери, вклучително и претседателот, мора да го почитуваат исходот од последните избори, напиша еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на својот профил на „Твитер“ по денешната одлука, претседателот Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за составување влада.

Хан, исто така, напиша дека „во демократија мора да се признае парламентарното мнозинство, иако некому тоа можеби не му се допаѓа“.

Еврокомесарот Хан очекува „политичките лидери и институции да дозволат демократските процеси да течат, во интерес на граѓаните“.

Во пишана изјава на на веб-страницата на Европската комисија во саботата, Хан истакна дека откако се собраа доволно потписи за пратеници, очекува од претседателот да го даде мандатот.

Извор: Мета

Хан: Да се почитува изборниот резултат


Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2017 22:23