По попладневното обраќање на претседателот Иванов и одлуката дека нема да му го довери мандатот на Заев, Централното претседателство на Движењето БЕСА се состанало и констатирало дека, како што велат, ова бил вознемирувачки момент за државата.
Според нив, Иванов е најголемиот прекршител на Уставот. Тие ја повикуваат меѓународната заедница, Соединетите Американски Држави и Европската унија да интервенираат за враќање на правната држава, како и за враќање на државата по евроатлантскиот пат.
Движењето БЕСА повикува на умереност и посебно внимание во овие моменти.