Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци било примено известување дека на пат кон врвот „Орле“ кај селото Галиште се изгубиле пет лица планинари од Скопје.

– Едно од нив веќе два дена било издвоено, додека четирите биле без храна и вода. Во потрагата беше вклучена екипа на МВР со хеликоптер, со цел пронаоѓање на лицата. Четирите од нив беа пронајдени, по петтото сѐ уште се трага, соопштуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2017 13:53