Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини ја одложи посетата на Босна и Херцеговина, што требаше да се одржи денеска, поради неможноста нејзиниот авион да слета на Меѓународниот аеродором во Сараево.

- Поради временските услови утрово во Сараево, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија Федерика Могерини за жал мораше да ја одложи посетата. Високата претставничка се надева дека колку што е можно поскоро ќе договори нова посета, соопшти делегацијата на ЕУ во БиХ.

Могерини вчера ја започна нејзината балканска турнеја во Црна Гора, каде се состана со претставниците на Владата, политичките партии и Парламентот.

Денеска во Сараево Могерини требаше да се состане со Младен Иваниќ, Драган Човиќ, Бакир Изетбеговиќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ и министерот за надворешни работи Игор Црнадак.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2017 14:27