Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска го повика претседателот Иванов повторно да ја разгледа вчерашната одлука за недавање на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање нова влада.

Истовремено Бејли ги повика и соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на политичка чувствителност во земјата.

- Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна почит кон македонскиот суверенитет и единство го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука. Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на чувствителност во земјата, изјави Бејли во кусата изјава.

Американскиот амбасадор не сакаше да одговара на новинарски прашања по што се упати на средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија Семуел Жбогар и со амбасадорите на другите земји членки на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2017 16:05