Посетата на високата претставничка на Европската Унија за безбедносна и надворешна политика претставува сериозна поддршка на европските перспективи на нашата земја.

Среќни сме што при оваа посета на Македонија Европската Унија останува посветена на иднината на Република Македонија до полноправно членство во Европската Унија.

Разговаравме за следните средби коишто претстојат во понеделникот со Советот на министри и во четвртокот со Генералниот Совет или Советот на премиери кадешто пред `се од Македонија се очекува да се почитуваат демократските процеси коишто се јасно изразена волја на граѓаните на изборите и преточени во парламентарни мандати.

67-те мандати се нормален демократски основ за давање мандат и обид за формирање на Влада. Оттука и очекувањата на Европската Унија се дека наредната Влада доколку покаже резултат во посветеноста на реформите Европската Унија преку своите институции ќе има причини повеќе да се посвети кон убрзување на процесот за започнување на преговори на Македонија за полноправно членство во Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2017 18:37