Месут Озил е под голем знак прашалник за дербито на 27-мото коло меѓу Ливерпул и Арсенал на „Енфилд роуд“, кое на програмата е во сабота, на четврти март.

Арсенал на главниот играч во неговиот тим му даде неколку дена одмор сред сезона, но по неговото враќање во Лондон има проблеми.

Германскиот репрезентативец беше испратен дома од тренингот поради замор, а извор близок на „топчиите“ наведува дека многу лошо изгледал и дека болеста најверојатно следувала поради тоа што за кратко време престојувал на места со доста различни климатски услови.

Шансите „топчиите“ да остварат поволен резултат на непријатното гостување без Озил се многу послаби отколку противничкиот тим, иако „црвените“ се во лоша форма.

Во првата средба меѓу Арсенал и Ливерпул на „Емирати“ оваа сезона тимот на Клоп славеше со 4-3.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2017 23:30