Компанијата „Алфабет Инк.“ во наредните неколку месеци ќе овозможи нова услуга на својата платформа - Јутјуб која ќе нуди директен пренос на содржините на 40 водечки американски телевизиски мрежи и кабловска програма, најави извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војцицки.
Новата услуга ќе се вика Јутјуб ТВ и ќе чини 35 долари месечно за шест кориснички профили, рече Војцицки. Јутјуб ќе вклучи и други медиумски компании што нудат послаби пакети.
„Нема сомнение дека миленијалците сакаат одлична ТВ содржина“, изјави извршната директорка на Јутјуб. Но, она што го видовме е дека тие не сакаат да ја гледаат во традиционален облик.”
Во понудата ќе бидат вклучени и ESPN, компанијата Волт Дизни како и сопствените продукции кои авторски се прикажани на платформата YouTube Red Originals.
Фејсбук претставува еден вид конкуренција со сличната опција преку Фејсбук Видео, која започна вчера на Епл ТВ. Апликацијата им овозможува на корисниците да ги видат видеата споделени од нивните пријатели или настани емитувани во живо.
Покрај Фејсбук, компанијата влегува и во борба за освојување на пазарот со Dish Network Corporation (Sling TV), DirectTv now како и PlayStation Vue.