Во конкуренција на „Епл Ајфон 7 плус“, „Хавеј П-9“, првиот вистински телефон на Гугл – „Пиксел Икс-Ел“, и „Мото Зи“, „Самсунг Галакси С-7 Еџ“ е избран за телефон на годината на годинешниот Светски конгрес за мобилни (МВЦ), што традиционално се држува во Барселона.
По проблемите со „Ноут 7“, наградата за најдобар телефон која отиде за Самсунг е еден вид на враќање на реномето кај купувачите на овои модели на телефони.
„Галакси С-7“ има 5,5-инчен екран, резолуција од 1440 х 2560 пиксел, „Снапдрагон 820“ процесор, 4 гигабајти РАМ меморија, задна камера од 12 мегапиксели и Микро СД мемориска картичка.