Според објавените податоци, најмногу слободни работни места има во прехранбената индустрија (2.108), по што следува трговијата на големо и на мало и поправката на моторни возила и моторцикли со 1.379 слободни места. Најмалку слободни работни места има во дејностите поврзани со недвижниот имот (2).

Гледано по занимања најмногу слободни работни места има за работници во услужните дејности и продажбата, а најмалку како за членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Најмногу слободни работни места може да се најдат во компаниите со 10 до 49 вработени, а најмалку шанси да се најде слободно работно место има во компаниите со 3 до 9 вработени.

Во однос на бројот на слободни работни места по региони, најмногу шанси за вработување има во Скопскиот регион каде според статистичките податоци, има слободни 3.121 работни места, а најмалку во Полошкиот регион каде се слободни 180 работни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2017 13:15