Трошоците за нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од минатата година се пониски за 0,6 проценти во споредба со третото тримесечје, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје пониски за 1,6 проценти се и трошоците за материјали, додека трошоците за вработените се повисоки за 1,4 проценти.
Споредувајќи во четвртото тримесечје од минатата година со истиот период во 2015 година се забележува дека трошоците во градежинштвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 3,3 проценти, а трошоците за материјали за 6.6 проценти, додека трошоците за вработените се повисоки за 4,9 проценти.