Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регуаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,58, односно за 2,25 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 54, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 42,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,794 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,292 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,76 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,87 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.