Секој понекогаш има лош ден и умерено ниво на стрес, што е нормално. Тоа помага да се подготвите за предизвиците што животот ги става пред вас и да се мотивирате да ги постигнете целите што сте си ги поставиле.

Во денешно време, депресијата како болест се повеќе добива на внимание од причина што од ден на ден се зголемуваат луѓето кои бараат помош од ваков вид на психичко пореметување. Иако во минатото, многу често депресијата била табу тема, во денешно време тоа не е така. Некои од докторите предупредуваат на основни знаци на депресијата, секако кога се работи за блага форма на оваа болест и кога организмот може сам да се справи со неа.

Еве дел од симптомите кои укажуваат дека можеби имате блага форма на депресија:

1. Многу пати реагирате нервозно без да изброите до 10 а тоа најчесто го правите кон вашите блиски.

2. Мали и незчајни работи ви го расипуваат расположението.

3. Го занемарувате својот изглед или работата, иако претходно бевте педантни и важевте за перфекционист.

4. Пушите и пиете повеќе од порано.

5. Конзумирате лекови повеќе од вообичаеното.

6. Се грижите за некој проблем дури и кога не можете да влијаете на него.

7. Тешко ви е, ви недостига воздух и имате потреба да избегате од некои ситуации, кога тоа не е соодветно.

8. Имате проблеми со спиењето или спиете цело време.

9. Воопшто немате апетит или премногу јадете.

10. Плачете без никаква причина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2017 00:11