Google само што го стартуваше Meet, новиот сервис за бизнис корисници кој им овозможува онлајн останоци.

Иако звучи слично на системот кој го има Hangouts, овој сервис повеќе е насочен кој деловни корисници и има ограничен сет од функционалности.

Meet ќе овозможи да започнете состанок или да се приклучите на започнат состанок преку веб страница или апликација за Android и iOS. Состанок може да се започне со креирање код по што секој со истиот код може да се приклучи.

Состанок може да се одржи и во видеооблик, кој може да биде со резолуција до 720 пиксели или само во аудиоверзија. На видео-состаноците може да се види лицето со кое се разговара на врвот на екранот заедно со листа од останатите членови кои се наоѓаат подолу. Google допрва официјално ќе го најави Meet затоа што може да се пристапи до страницата, но моментално не може да се користи, а мобилните апликации допрва треба да се појават на онлајн продавниците.

Извор: www.inovativnost.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2017 00:32