Нови три македонски стартапи обезбедија влез во Инвестмент Реди Програмата од Виена, преку настанот што неодамна беше организиран во Јавна соба.
Ова, како што соопштија организаторите, е втор настан преку кој социјалните стартапи добиваат можност да влезат во програмата и преку менторство во Виена да ги подобрат своите капацитети кои ќе ги направат попримамливи за странски инвестиции кои се веќе обезбедени и ќе се случат на крај од целиот процес, односно 2018 година.
Во програмата официјално влегуваат http://organikanova.com/ (Органско ѓубриво од калифорниски црви), http://seedoflife.com.mk/ (Производство на сирова храна) и http://www.dibiaggiony.com/ (Сензор кој ќе мери важни параметри кај спортистите) чии претставници официјално влегуваат во самата програма.
За септември е најавен и трет настан на кој ќе се одберат најдобрите стартапи за влез во програмата.
Целата програма е финансирана од австриската Агенција за развој, процесот на градење на бизнисите се одвива во Impact Hab Viena, а имплементацијата во Македонија е преку Social Impact Lab од Скопје.
Целта на Social Impact Lab е што повеќе да се охрабрат домашните иноватори да размислуваат во насока на социјално претприемништво и главниот фокус е влијанието кое се врши врз дејностите на самиот стартап.