На „Сан Паоло“ во Неапол се одигра вториот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Реал Мадрид, по кој наполитанците отпаднаа од понатомошното натпреварување иако во првото полувреме се чинеше дека ќе успеат да направат подвиг.

Шпанскиот клуб имаше многу причини за славје, но вистинска атракција беше една згодна Шпанка која сакаше да ја провери лојалноста на италијански навивачи кон својот клуб.

Имено, девојката ги поредизвикувала навивачите на Наполи гласно да викаат „Форца Реал Мадрид” (Напред, Реал Мадрид), ветувајќи им за возврат дека ќе им ги покаже своите гради. Иако се работеше за скриена камера, сепак некои од италијанците ја покажаа својата верност кон Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2017 10:58