Сите го знаат „митот“ дека жените се лоши возачи, па при секој проблем во сообраќајот по навика се прашуваме „Дали зад воланот се наоѓа жена?”
Во овој случај навистина се работи за жена. Имено, на видеото подолу може да видиме како возачката на еден кинески паркинг направи вистинско шоу.
По „големите маки“ токму кога ќе помислите дека конечно успеа да се паркира, таа стиснува на педалата за гас и удира во автомобилот кој се движи по улицата а потоа и во автомобилот паркиран пред неа.