„Епл“ работи на производство на моделот „Ајфон Про“, кој ќе има ОЛЕД екран од 5,8 инчи, објави „Текрејдер“.

Станува збор ва модел кој ќе биде најскап во производите на „Епл“.

Овој модел на Ајфон би претставувал платформа на која „Епл“ би ја тестирал технологијата и би му обезбедил инфраструктура во иднина сите негови телефони да имаат екрани со ОЛЕД технологија.

Претходно, имаше шпекулации дека „Епл“ подготвува телефон со најголемите димензии, но не и со најголем екран, бидејќи долниот дел на телефонот би бил оставен за „фиксни функции”.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2017 11:17