Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во рамките на Министерството за надворешни работи на Федерална Република Германија, амбасадорот Кристијан Хелбах.
Соговорниците ја нотираа потребата од зајакнување на европската интеграција во насока на долгорочна стабилност и просперитет на Регионот.
Министерот Попоски потенцираше дека енергијата дома и кај нашите партнери е неопходно да се насочи кон тоа, Република Македонија да добие гаранции дека членството во ЕУ е достижна цел за оваа генерација македонски граѓани, во догледно време.
„Внатрешните предизвици во Унијата, мигрантската криза и заканите од екстремисти се добар потсетник за тоа колку сме ние поврзани со ЕУ“, истакна Попоски.
Hа средбата беше рeафирмирана поддршката од Германија на нашите напори кон европската интеграција.