На НБА натпреварот Голден Стејт – Бостон, навивач на Голден Стејт го совлада предизвикот и освои автомобил.

Среќниот навивач пред натпреварот на Голден Стејт против Бостон учествуваше во предизвикот од организаторите, стандардната форма на забава пред и за време на НБА натпреварите, а овој пат тој требаше да погоди тројки во рок од 30 секунди.

Среќата го послужи и од првите три шутеви сите три ги погоди. На десет секунди пред истекот на времето успеа да ја погоди и четвртата тројка и на тој начин да ја освои главната награда.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2017 12:22