Ди Марија излезе сам пред голманот на Барса, Тер Штеген откако истрча зад одбраната на каталонскиот гигант, а веднаш позади него Маскерано молњевито го следеше при што со лизгачки старт направи контакт со него, доволно за да Ди Марија ја заврши акцијата на катастрофален начин односно, шутот негов помина далеку поред голот. Ди Марија реагираше дека за таков шут логично е да постоел контакт но судиите не се предомислија и не покажаа на белата точка, како што беше случај со првиот пенал за Барселона кога посугестија на вториот судија, главниот судија покажа на белата точка иако тој не беше доволно убеден дека имало контакт за пенал.

Тоа требаше да биде пенал и црвен картон за Маскерано, но судијата процени дека немало старт за такво нешто.

– Нема да лажам, имаше контакт. Го допрев Ди Марија и влијаев на неговиот шут, но сметам дека тој судиски превид не е причината поради која го елиминиравме ПСЖ. Неверојатно е колку е тешко да се бркаат четири гола негатива, дадовме три и сепак бевме толку далеку. Слободниот удар на Нејмар ни ја врати вербата – се останато е историја. Мило ми е и за Серхио Роберто, со овој гол тој си обезбеди место во историјата на Барса – изјави Маскерано.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2017 14:07