Поранешниот играч за врска на Ливерпул и Реал Мадрид, а моментално член на Баерн од Минхен, го најави своето пензионирање.
35-годишниот Алонсо, кој оваа сезона забележа 27 настапи за Баерн изјави дека по крајот на оваа сезона и дефинитивно ќе се повлече од професионалното играње.
Во изминатите неколку месеци се појавуваа шпекулации дека и Алонсо, и капитенот на баварците Филип Лам ќе ги завршат своите кариери, но немаше потврда за такво нешто се до денеска.
Алонсо утрово на својот твитер профил напиша: “Ова го сакав и за ова живеев.Време е за збогум од овој прекрасен спорт”
За сајтот на Баерн изјави дека е пресреќен и горд што е дел од ваков клуб и дека сака да ја заврши кариерата на највисоко можно ниво, а Баерн е токму тоа.