Општина Карпош е прва локална самоуправа од територијата на Градот Скопје, на која ќе се реализира проектот ,,МАПАТОН“.

Станува збор за вклучување на лица со посебни потреби во имплементација на андроид апликација преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат и која ќе им овозможи интерактивност во мапирањето на пристапните места.

На иницијатива на УНДП, оваа активност ќе се спроведе во соработка со Општината, сé со цел да се мапираат сите пристапни места но пред се, бариери со кои се соочуваат лицата со попреченост на местата каде што живеат. Како што истакна помошник- раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска- Зафировска, Општина Карпош во континуитет им помага за лицата со хендикеп, односно се грижи за нивните потреби, со што ќе можат полесно да ги завршуваат своите секојдневни обврски.

Денеска, во фискултурната сала на ООУ ,, Лазо Трповски“ со полчасовната обука која ќе им се изврши на вработените од урбаните заедници од Општина Карпош како и на дефектолози, практично ќе започне овој проект инициран од УНДП, а со задоволство прифатен од Општина Карпош. По обуката, вработените со смарт телефони ќе ги фотографираат и детектираат сите непристапни објекти (јавни и комерцијални, тротоари и пешачки патеки), кои се пречка за извршување на обврските, или кои им го попречуваат движењето на лицата со хендикеп, нагласи Стојчевска- Зафировска.

Помошник-раководителката Зафировска, напомена дека при проектирањето на сите институции од Општина Карпош (како што се градинки и основни училишта) се води сметка за потребите на овие лица со хендикеп, за да може и тие без никаква пречка да ги користат.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2017 12:23