Владата на Полска одби официјално да ја поддржи завршната декларација на лидерите на Европската унија од самитот во Брисел, јави ДПА.

Така Варшава го изрази незадоволство од реизборот на Доналд Туск за претседател на Европскиот совет.

– Според мене е очигледно дека полската Влада поради политички причини одлучи да не се согласи со заклучоците од состанокот, независно од нивната содржина, изјави премиерот на Малта Џоузеф Мускат, кој претседаваше на состанокот на врвот на ЕУ во Брисел.

Лидерот на владејачката полска Партија на правото и правдата Јарослав Качински изјави дека, одлуката на лидерите на ЕУ за реизбор на Туск, и покрај спротивставувањата на Полска, ја покажува доминацијата на Германија во Унијата.

Имено, Качински наведе дека секоја приказна оти Полска сака да ја напушти ЕУ е „бесмислица“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2017 15:47