Американскиот секретар за правда и главен јавен обвинител на САД, Џеф Сешнс побара оставки од 46 федерални јавни обвинители во земјата, именувани на тие функции во времето на претходната Администрација на Барак Обама.

Министерството за правда на САД соопшти дека нема ништо невообичаено во ваквото баарање на Сешнс, бидејќи слични постапки имало и при претходните промени на власта во земјата.

Во соопштението се додава дека повеќето од јавните обвинители именувани од Администрацијата на Обама веќе поднеле оставки на своите функции, а дека Сешнс сега бара повлекување и на преостанатите 46 обвинители.

САД имаат вкупно 93 федерални јавни обвинители



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2017 18:41