Доколку забележите дека веќе неколку денови имате студенило по рацете и нозете, а причина за тоа не е студеното време, таквата појава може да укажува на 4 здравствени проблеми:

Анемија

Покрај студените раце и нозе, најчести симптоми се заморот и главоболката, па ако имате две од овие три направете испитување на крвта и проверете го количеството на железо кое го имате. Недостатокот на кислород е главен виновник кој доведува до ова студенило.

Дијабетес

Чувството на студенило и трнење во рацете и стапалата е прв знак на дијабетес. Шеќерната болест остава последици на крвотокот и нервниот систем, па не би било лошо да ја проверите здравствената состојба и да направите испитувања за количеството на шеќер во крвта.

Проблем со тироидната жлезда

Забавената работа на тироидната жлезда доведува до спор метаболизам кој се одликува со студенило во екстремитетите. Заморот, летаргијата, поспаноста и забавениот говор се само уште дел од симптомите кои може да се појават.

Стрес

Стресот е најчест причинител за студенило. Тој го зголемува производството на адреналин кој ги стега крвните садови. Со самото тоа циркулацијата е сведена на минимум.

Прва помош против студени екстремитети

Добар совет е да ги спуштите рацете и нозете и благо да ги протресете. Покрај ова се препорачува и да се раздвижите. Доколку сакате да го решите проблемот на подолгорочен период, консумирајте здрави намирници и практикувајте физичка активност.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2017 19:06