Инстаграм воведува нова опција – објавување на 10 фотографии одеднаш, која веќе две години беше достапна само за огласувачите, но сега ќе можат да ја употребуваат сите корисници.

– Веќе не морате да избирате по една најдобра фотографија или видео што сакате да го објавите. Сега можете да комбинирате и до 10 фотографии и видеа во една објава и да ги прегледате сите одеднаш“ стои во соопштението на блогот на компанијата.

За да го направите колажот, кликнете на новата „Фото стек” икона и селектирајте ги содржините за објавување. Исто така, ќе можете да го менувате редоследот на сликите и снимките, како и оној на пораките, но дозволен е само еден заеднички натпис и ознака на локацијата за објавата.

Опција ќе биде воведена наредниве неколку недели, и ќе биде достапна на корисниците на Андроид и ИОС.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2017 19:19