[photo]
На пазарот нема многу механички тастатури дизајнирани за „Мекинтош“, но сега се појави тастатурата „Лофри“, која потсетува на машина за пишување.
Тастатурата „Лофри“ е безжична, поседува позадинско осветлување, облик карактеристичен за „Мекинтош“ со тркалезни копчиња, кои потсетуваат на оние од традиционалните машини за пишување и е во црвена боја.
Направена е од пластика, но доволно е цврста.
Со компјутерите на „Мекинтош“ се поврзува преку Блутут. Се полни со помош на микро УСБ порт, кој се наоѓа на десната страна.
Тастатурата може да се поврзе и со Ајпад. Достапна е по пат на сервисот „Индигого“ за 74 долари, а од јуни ќе ја продава и „Амазон“ по цена од 99 долари.