Без сомнеж, мелодијата на Нокиа беше една од најпопуларните мелодии во почетокот на новиот век.
Анси Вањоки, дел од компанијата на Нокиа на својата шефица за корпоративни комуникации и ја предложил композицијата Гранде Валсе, веројатно не претпоставувајќи каква популарност ќе доживее.
Авторот на оваа композција која трае три минути е шпанскиот гитарист Франциско Тарега, а нумерата датира уште од далечната 1902 година. Иако компзоцијата не ја знаат многумина се чини дека четири секунди од истата ги знаат буквално цела популација во светот.
Мелодијата од оваа композиција се појавило најпрво на рекламата за промоција на моделот Нокиа 6110 а подоцна е преименувана во Nokia tune.
Овој рингтон денес е заштитен знак за брендот Нокиа а еве како звучи цела композиција.