Во составот на Македонија се повикани 22 играчи. Селекторот Ангеловски за пресметката со Лихтенштајн не може да смета на Езџан Алиоски кој е суспендиран поради жолти картони.
Македонската А репрезентација на 24 март во Вадуц против Лихтенштајн ја очекува нов дуел во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овој меч од 5 коло во Г групата, како и за контролниот дуел против Белорусија.
Во составот на Македонија се повикани 22 играчи. Селекторот Ангеловски за пресметката со Лихтенштајн не може да смета на Езџан Алиоски кој е суспендиран поради жолти картони.
Ангеловски упати повик до следниве играчи:
Голмани: Столе Димитриевски, Игор Алексовски и Филип Гачевски;
Одбрана: Стефан Ристовски, Егзон Бејтулаи, Даниел Мојсов, Ванче Шиков, Кире Ристевски и Дарко Велковски;
Среден ред: Ферхан Хасани, Душко Трајчевски, Никола Ѓорѓев, Бобан Николов, Давид Бабунски, Александар Трајковски и Марјан Радески;
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Бесарт Ибраими, Иван Тричковски и Музафер Ејупи.
За средбата со Белорусија која е закажана за 28 март на овие играчи ќе им се приклучи Алиоски.