Нема да го вратиме задолжителното служење на војска, тоа би не чинело 70 милијарди динари, немаме пари за тоа, изјави српскиот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ во интервјуто за весникот „Блиц“.
За евентуалното врќање на задолжителниот воен рок ќе бидат потребни неколку години, а за тоа е неопходно и одреден број на луѓе и опрема.
– Не смееме да заборавиме и дека Уставот дозволува откажување од воена служба по сопствена волја, и речиси половина од последната група го искористија тоа. Уште повеќе ќе можеме да се потпреме на професионалната армија, истакна Ѓорѓевиќ.