Косовскиот адвокат и некогашен близок соработник на Јосип Броз Тито, Азем Власи утрово е ранет со изтрели од огнено оружје во близина на неговиот дом во Приштина, јавија косовските медиуми.
Радиотелевизија Косово (РТК) пренесува дека Власи е ранет во раката и дека е надвор од животна опасност.
Косовската полиција потврди дека е пукано во Власи и дека инцидентот се случил утрово околу осум часот. поради „настаните од осумдесетите“ години од минатиот век, јавија приштински медиуми. Косовскиот адвокат Азем Власи е ранет од Мурат Јашари, кој по апсењето признал вина, наведувајќи дека во него пукал
Мурат Јашари брат на поранешен локален командант на ОВК, Исмет Јашари, наводно рекол дека би пукал и во косовскиот премиер Иса Мустафа и претседателот Хашим Тачи, јави РТС повикувајќи се на „Газета експрес“.
Полицијата го уапсила и Авни Луминица поради помагање во нападот.