Европската унија ги продолжи за уште шест месеци санкциите против Русија и поединци во Украина, воведени поради поткопување на територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.
Советот на ЕУ ја усвои одлуката со која до 15 септември 2017 година се продолжуваат рестриктивните мерки за замрзнување на имот и забрана за патување на 150 лица и 37 компании, кои се товарат за поткопување и закана за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.
Одлуката за продолжување на рестриктивните мерки на ЕУ е образложена со проценката на Советот дека ситуацијата на терен не придонела за промена на рестриктивниот режим.
ЕУ ги воведе овие санкции во март 2014 година како одговор на кризата во Украина.