Кралевите од Париз Сен Жермен упатија жестоки критики на адреса на УЕФА во врска со судењето на Дениз Ајтекин.
Според неофицијални информации во жалбата до УЕФА, раководството бара поништување на натпреварот помеѓу ПСЖ и Барселона, одигрување на нов натпревар или доделување на службена победа.
Во прилог на оваа жалба тие наведуваат седум спорни ситуации кои судиите не ги забележаа на натпреварот а кои директно придонесоа за конечниот резултат.
1. Играта со рака на Маскерано
2. Втор жолт картон за Пике
3. Пеналот на Нејмар
4. Фаулот на Нејмар против Маркињос
5. Пеналот на Суарез
6. Играта со рака на Пике
7. Пеналот врз Ди Мариа