Според агенцијата, која цитира владини извори, суфуцитот ќе произлезе од намалувањето на буџетските трошоци и од зголемување на приходите од даноци.

Агенцијата Блумберг неочекувано прогнозира дека Грција може да постигне буџетски суфицит од над пет проценти од БДП во 2019 година, доколку земјата усвои нови економски мерки, пишува весникот „Имерисија“.

Според агенцијата, која цитира владини извори, суфуцитот ќе произлезе од намалувањето на буџетските трошоци и од зголемување на приходите од даноци.

Блумберг нагласи дека Атина смета на тој висок суфицит во преговорите кои сега ги води со кредиторите. За оваа година како цел во официјалната спасувачка програма за Грција е предвиден суфицит во износ од 1,75 проценти и 3,5 отсто во 2018 година.

– Европските институции се согласни дека целта за суфицит од 3,5 отсто во 2018 година ќе биде постигната, изјави еден од изворите на Блумберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 14:52