Шпанскиот голман Икер Касилјас се запиша во историјата на фудбалот како играч со најмногу настапи во европските купови.

Тој синоќа беше на голот на Порто на средбата од ЛШ со Јувентус, забележувајќи го својот 175. настап во европските клупски натпреварувања со што го надмина поранешниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини кој застана на 174 настапи.

Касиљас и покрај рекордот нема да го памти по добро мечот со Јувентус, бидејќи Порто загуби со 1:0 и е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите.

На вечната листа по Касиљас и Малдини се Чави (173), Кларенс Сидорф (163), Раул (161),…

Освен Чави другите играчи не се веќе активни професионално на фудбалските терени, но 37-годишниот Чави игра во Катар и тешко дека повторно ќе заигра во европските купови, што значи дека Касиљас уште долго ќе биде фудбалер со најмногу натпревари на континенталните купови.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 15:06