Стимулација за младите претприемачи и брендовите во развој во Македонија е целта на настанот „Дизајн што продава“, кој претстојниот викенд ќе се одржи во Скопје.

Според организаторот, учеството и програмата им помагаат на сите учесници да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар. Настанот, се наведува, нуди можност и за комуницирање и соработување со дизајнери и маркетинг агенти од регионот, кои работат за некои од највлијателните брендови во индустријата.

- „Дизајн што продава“ е одлична можност да прашате каква порака пренесува вашата амбалажа не само за производот туку и за вашиот бренд. Главната идеја зад овој настан е да овозможи продажба, даде видливост на вашиот бренд, ви помогне да комуницирате со експертите со цел да размените идеи, да ги споделите најдобрите искуства кои сте ги имале до сега, да изградите стратешко партнерство и да го зголемите профитот од вашето работење, се наведува за настанот.

Настанот ќе се одржи во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, отворен е за јавноста, а влезот е слободен за време на предавањата. Програмата нуди и дополнителна можност за тет а тет средби и соработка со дизајнери и маркетинг агенти од регионот, кои работат за некои од највлијателните брендови во индустријата.

„Дизајн што продава“ е во организација на „Јавна соба“ и „Grow up Academy“, и е поддржан од страна на Swiss Contact.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 23:08