Амбасадата на Словачка во Македонија соопшти дека до крајот на април е отворен повикот за аплицирање за стипендија во рамки на Националната програма за стипендирање на Република Словачка за истражување и уметнички престој во текот на учебната 2017/2018 година.

- Краен рок за поднесување на апликацијата преку веб-страницата www.scholarships.sk е 30 април 2017 година, до 16 часот. Националната програма за стипендирање на Република Словачка ја поддржува мобилноста на странски студенти, постдипломци, докторанти, универзитетски професори, истражувачи и уметници во словачките универзитети и во истражувачките организации, информира Словачката амбасада.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 23:14