Најдобриот фудбалер на Евертон, Ромелу Лукаку одби да го продолжи договорот и изрази желба да се врати во Челзи, пишува „Дејли Мејл“.

Како што е наведено, белгискиот репрезентативец ја одби понудата на Евертон од 140.000 фунти неделно, бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите.

Челзи и летоска го бараше Лукаку и понуди 65 милиони евра што е 33 милиони повеќе од рекордни трансфер на Евертон на Гудисон Парк.

Сега цената е дури и зголемена поради одличната сезона на напаѓачот на Евертон кој за Лукаку бара 86 милиони евра.

Интерес за Белгиецот покажуваат и ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Лукаку од 2011 до 2014 беше член на Челзи и одигра само 15 натпревари, а потоа две сезони помина на позајмица во Вест Бромвич Албион од каде замина во Евертон.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 23:31