Ако сè уште внесувате многу малку храна во организмот, се изгладнувате или пак ги сметате внесените калории, ќе мора да ве разочараме – оваа идеја од пред неколку децении, за намалување на тежината, со текот на времето се докажа неточна.
Во продолжение пронајдете ги своите најчести навики кои ве изложуваат на зголемување на тежината и преземете соодветни решенија.
1. Спиете премалку или премногу
Според спроведените истражувања, личностите кои спијат три часа помалку од просечното, имаат поголема тежина од оние кои спијат 7 до 9 часа. Исто така, и личностите што спијат повеќе од 9 часа се склони кон зголемување на тежината.
2. Не барате совети од нутриционист
Не можете се да знаете сами. Ако имате проблем со тежината, посетите лекар или нутриционист кој ќе ви подготви план на исхрана според вашите потреби и стилот на живот.
3. Склони сте кон грицки
Некои чипсови, кикиритки, чоколади или бонбони кои ги служат во кафулињата или рестораните навистина може да ви пречат. Само затоа што не плаќате за нив, не значи дека нема да ве здебелат. Но избегнувајте ги и чипсовите при Вашето пазарање низ маркетите.
4. Пиете премногу сокови
Без оглед на тоа дали соковите се газирани или не, ако не се свежо исцедени и незасладени, ве дебелеат повеќе од што мислите. Еден литар сок има калории речиси исто како еден чизбургер.
5. Јадете пребрзо
Потребни се околу 20 минути додека сигналот на заситеност стигне од желудникот до мозокот.
6. Прескокнувате оброци
Повеќето луѓе сметаат дека прескокнувањето на оброците ќе им помогне во намалување на тежината. Меѓутоа, прескокнувањето на оброкот само го успорува метаболизмот, а со тоа следниот оброк ќе имате потреба да биде пообемен.
7. Гледате премногу телевизија
Ако грицкате додека гледате некој интересен филм, внесувате многу повеќе калории отколку што сте свесни. Истото и се случува со гледањето телевизија додека го јадете ручекот или вечерата, така што избегнувајте ја оваа комбинација и сконцентрирајте се исклучиво на тоа колку храна внесувате додека јадете.
8. Мислите дека интегралниот леб не дебелее
Интегралниот леб е поздрав избор, но има повеќе калории дури и од белиот.
9. Гризете големи залаци
Оние кои имаат поголеми залаци од обично, внесуваат околу 52 % повеќе калории отколку оние кои внесуваат помали.
10. Премногу зборувате околу јадењето или пак гледате емисии за храна
Оној момент кога гледате како нешто се готви или пак истото го објаснувате, сигурно имате повеќе желба за јадење, без разлика кога и колкав бил вашиот претходен оброк.
11. Не пиете доволно вода
Водата е основна потреба за нормално функционирање на телото. Бидете сигурни дека имате доволно вода во вашето тело, бидејќи често пати организмот ги меша гладта и жедта, па наместо една чаша вода може да внесете некоја калорија повеќе.
12. Јадете прекасно
Поставете си го добро познатото правило, дека се што ќе внесете подоцна од 20 часот, ќе бидат неколку чаши вода или овошје во умерени количини. Касните вечерни оброци може да го нарушат и најважниот оброк во денот, појадокот.
13. Не ја мерите вашата тежина
Престанете да ја избегнувате вагата. Мерете се неколку пати неделно, можеби ќе добиете поголема мотивација за намалување на тежината, отколку ако не сте запознаени со неа.
14. Емоциите ги лечите со храна
За жал, храната не помага да ги решите емоционалните проблеми, само ќе ја зголемат вашата депресија заради накачените килограми.
15. Константно сте под стрес
Сите живееме во средина во која имаме задачи и обврски, но тие не треба да претставуваат пречки во вашата исхрана. Избегнувајте го стресот како изговор за прескокнување на оброците.