Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев учествува на состанокот на премиерите од Западен Балкан што денеска се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

На состанокот, чиј домаќин е претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, покрај Димитриев ќе учествуваат и премиерите на Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, како и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Италија, Ангелина Алфана.

Се очекува енергетиката да биде главна тема на состанокот на премиерите од Западен Балкан.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2017 14:16