Додека младите фудбалери на Јувентус се надеваат на реванш со Барселона во Лигата на шампионите, искусните прво размислуваат за четврт-финалето, каде што не би го сакале Лестер.

„Старата дама“ рутински го доби двомечот на поранешните шампиони на Европа со Порто, резултатот 2-0 од Португалија го завери минимално во Торино.

„Барса, Реал или Баерн? Би сакал финалето да го играме со Барселона. Како пред две години кога не бев тука. Секој натпревар е тежок, не е важно што ќе донесе ждрепката“, изјави Пауло Дибала.

Од друга страна, ветеранот Џанлуиџи Буфон изјави дека размислува прво за наредниот чекор, четврт-финалето на елитното натпреварување.

„Би сакал да го избегнеме само Лестер. Играат со многу ентузијазам, знаат како да им наштетат на најсилните тимови. Против нив можеш сè да изгубиш“, изјави Буфон.

Ждрепката за паровите во четврт-финалето на Лигата на шампионите е утре, а натпреварите на програмата се на средината на април.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 01:25